Професионални барања во блиската иднина: критичко мислење и креативен приод

Според податоците од истражувањето на компанијата Levy&Murnane, од 2013 година потребите на работодавачите кардинално се изменети. Бројот на рутински и нестандардните рачни работи и рутинските когнитивни работни задачи се намалува. Истовремено расте неопходноста од работа со нови информации за решавање на неструктурни проблеми.

Со други зборови во блиска иднина бројот на отворени работни места со јасно определени должности ќе се намали, а потребата од персонал способен за споредбено истражување и критичко размислување ќе се зголеми. Во тој правец огласите за слободни работни места ќе бараат измена на начинот на размислување – од креативност и иновативност кон критичко осмислување и решавање на проблемите и носење на решенија. Работните процеси ќе бараат уште повеќе комуникација и заедничка работа. Покрај тоа ќе има побарувачка од висок степен на информатичка и компјутерска писменост.

Според податоците на Светскиот економски форум, помеѓу десетте основни вештини, способности и знаења, коишто ќе се бараат во 2020 година се следните: способност за решавање на сложени проблеми; критичко размислување; креативност; способност за избирање на кадри; способност за соработка со други лица; емотивен интелект; способност за носење на избалансирани одговорни решенија; запознаеност со услужната дејност; способност за водење преговори и когнитивна флексибилност.

Извор: student.si