Професор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана доби награда од списанието Финанце

На Бизнис конференцијата Порторож, која 20 години ја организираат Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана и Бизнис академијата на списанието Финанце, наградата на списанието Финанце за посебни економски достигнувања, ја доби проф. д-р Јанез Прашникар, професор на Економскиот факултет при Универзитетот во Љубљана.

Јанез Прашникар повеќе години е и претседател на програмскиот совет на Бизнис конференцијата Порторож. Автор е и на низа статии и книги од областа на транзициската економија и однесувањето на компаниите. Како истражувач соработува со Центарот за економска политика (CEPR) во Лондон и со Институтот Вилијам Дејвидсон при Универзитетот во Мичиген.

Наградата на списанието Финанце е врвно признание во словенечкиот економски простор, и е наменета за поединците и организациите, кои во знајачјна мера придонесуваат за економски развој и за зголемување на општественото добро. Лани, оваа награда ја доби Игор Акрапович, основач на фирмата Акрапович, која своите издувни системи за мотоцикли и автомобили ги продава ширум целиот свет.

Интернет-врска: efnet.si