Професор од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана е удостоен со наградата CEEMAN Champions Awards 2019

Професор доктор Владо Димовски од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана е удостоен со наградата CEEMAN Champions Awards 2019 во категоријата за истражувања. Наградата на Меѓународната асоцијација за развиој на менеџментот во динамични компании CEEMAN е признание за заслугите на Димовски во областа на научните истражувања.

Основана во 1993 година Асоцијацијата за бизнис-школи, на почетокот била насочена кон развој и квалитет во образованието во областа на менеџментот во Централна и Источна Европа, денес обединува повеќе од 200 членови од 45 земји во Европа, Северна и Јужна Америка, Африка и Азија.

Престижната награда ќе му биде врачена на професор доктор Владо Димовски на конференцијата, која што се одржува секоја година на асоцијацијата, која што ќе се одржи во Полска во месец септември 2019 година.  

Извор: efnet.si