Професор од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор е удостоен со наградата „Donald Michie – Alan Turing“

Професор од факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот од Марибор доктор Маријан Мерник е удостоен со наградата „Donald Michie – Alan Turing“ за долгорочна работа во сферата на информатичкото друштво.

Врачувањето на наградата се одржа во петокот на 11-ти октомври 2019 година, на свечената церемонија во рамките на меѓународната конференција „Informacijska družba, IS 2019“, во Љубљана.

Маријан Мерник е познат специјалист од светски ранг од областа на информатичко-компјутерските технологии, одговорен уредник на списанија, рецензент и научник со висок индекс на цитираност.

Извор: feri.um.si