Професор од Факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при Универзитетот во Марибор повторно именуван за високоцитиран истражувач

Clarivate Analytics, Web of Science Group на 27 ноември 2018 година ја објави листата на високоцитирани истражувачи за 2018 година. На листата втора година по ред се наоѓа проф. д-р Марјан Мерник. Неговите истражувања се вбројуваат меѓу 1 % најцитирани дела во сферата на информатиката.

На листата на високоцитирани истражувачи за 2018 година има само двајца истражувачи од Словенија, и тоа и двајцата од Универзитетот во Марибор. Покрај проф. д-р Марјан Мерник, на листата се наоѓа и проф. д-р Матјаж Перц од Факултетот за природни науки и математика. Вбројувањето на листата на високоцитирани истражувачи е важно и за рангирањето на универзитетите.

На светските скали на универзитетите во 2018 година, Универзитетот во Марибор го достигна 501-600 место.

Интернет-врска: feri.um.si