Професор од универзитетот во Марибор е удостоен со највисоката награда во светот од областа на теории на системи и кибернетика

Почесниот професор од универзитетот во Марибор доктор Матјаж Мулеј (факултет за економија и бизнис) ја доби највисоката награда во светот за посебни достигнувања во областа на теории на системи и кибернетика – 12-от медал WOSC (Светска организација за системи и кибернетика, Линколн, Велика Британија), наречена така во чест на основоположникот на кибернетиката Норберт Винер.

Матјаж Мулеј е член на Европската академија на науки и уметности, автор е на скоро 2500 научни трудови, публикувани во 50 земји во светот, како и 70 книги и зборници (како по правило во коавторство), автор на дијалектичката теорија на системи. Да напоменеме дека коавтори на научните трудови на Матјаж Мулеј се повеќе од 1000 лица од сите континенти.

Извор: um.si