Професорите од факултетот за економија при универзитетот во Љубљана беа удостоени со почесни звања и награди

Ректорот на универзитетот во Љубљана Игор Папич удостои двајца од професорите од факултетот за економија со звањето „Почесен професор“. Во 2019 година беа професор доктор Андреј Ковачич и професор доктор Јанез Малачич.

Андреј Ковачич е поранешен проректор на универзитетот во Љубљана, а сега шеф на катедрата за бизнис информатика и логистика, директор на Институтот за бизнис информатика и раководител на магистерската програма „Бизнис информатика“. Јанез Малачич е продекан по студиска работа, поранешен петседател на здружението за Статистика на Република Словенија.

Покрај тоа, професорот од факултетот за економија при универзитетот во Љубљана доктор Алеш Попович во рамките на проширената програма на меѓународната конференција „International Conference on Information Systems (ICIS) 2019“, којашто се одржа од 14–ти до 18-ти декември 2019 година во Минхен, беше удостоен со наградата „Leadership Award“ за дизајн на симпозиумот SIGDSA „Inspiring mindset for Innovation with Business Analytics and Data Science“. ICIS е најпрестижната меѓународна конференција во сферата на бизнис-информатиката, на којашто секоја година учествуваат повеќе од две илјади научници – теоретичари и практиканти од целиот свет.

Извор: efnet.si, efnet.si