Професорот од факултетот по електротехника при универзитетот во Марибор е назначена за државен секретар во министерството за култура

Визитинг професорот по студиската програма „Медијакомуникации“ од факултетот по електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор Тања Кершеван Смоквина е назначена за државен секретар во министерството за култура на Република Словенија.

Тања Кершеван Смоквина е професионален новинар, магистер и доктор на науки во областа на комуникологијата. Голем дел од својата професионална кариера таа ја поминала во Агенцијата за комуникациски мрежи и услуги.

Во соработка со меѓународните организации – Советот на Европа, Европската аудиовизуелна опсерваторија, ОБСЕ, УНЕСКО, со програмите на Европската Унија, слични меѓународни структури, медијаиндустрија и професионални организации, Тања Кершеван Смоквина исто така разработувала и модели за саморегулација и корегулација. Од 2016 година таа, помеѓу другото, се занимавала со научно-истражувачка и педагошка дејност. Новоназначениот државен секретар при министерството за култура соработува со факултетот за социјални науки при универзитетот во Љубљана и факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитеот во Марибор.

Извор: feri.um.si