Програмата „Менеџмент во спортот“ од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се вбројува помеѓу ТОП-5-те магистерски програми од оваа област во светот – Eduniversal Ranking

Според податоците од светското рангирање Eduniversal Ranking, магистерската програма „Менеџмент во спортот“ од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана, која што се предава заедно со факултетот за спорт, го зазема петтото место во светот помеѓу сите магистерски програми од областа на спортскиот менаџмент.

Оваа програма била отворена во 2007 година. Таа се одликува со квалитетно избрана структура на предмети и искуство на успешна соработка со спортските установи во земјата. Помеѓу другото таа дава одговори на прашањата за тоа како да се продаваат спортските производи и услуги; како да се обезбедат извори на финансирање за спортските организации; кои се основните проблеми на менаџментот на спортските организации денес и како ефикасно да се решат, а исто така и кои се особеностите на волонтерската работа од областа на спортот.

За подетални информации за студиските програми на високообразовните установи и колеџи во Република Словенија напишете ни, ние со задоволство ќе ви одговориме на сите ваши прашања!

Извор: efnet.si