Програмата МВА на факултетот за економија при универзитетот во Љубљана е една од најдобрите програми во Европа – рејтингот Eduniversal

Согласно последните податоци од рејтингот Eduniversal, кој што ги оценува одделните студиски програми од светските универзитети по 30 специјалности, програмата МВА на економскиот факултет при универзитетот во Љубљана се најде помеѓу трите најдобри програми од овој профил на универзитети од Централна и Источна Европа. Покрај тоа, програмата повторно ја доби акредитацијата од организацијата AMBA, која што сведочи за највисокиот стандард за квалитет на високото бизнис образование – оваа награда ја добиваат најдобрите студиски програми во областа на менаџментот (само 2% од ваквите програми во светот).

Преку процесот на акредитација AMBA ги мотивира образовните установи да ги развиваат и достигнуваат највисоките стандарди во образованието во сферата на менаџментот. Строгите критериуми за оценување гарантираат дека акредитацијата од AMBA ќе биде доделена само на програмите, кои што имаат највисоки стандарди за квалитет.

Акредитациите на AMBA за бизнис школи се фактор, кој што го зголемува нивниот меѓународен авторитет и репутација. Студентите кои што се запишале на програмите, акредитирани од AMBA, се запишале на најдобрата образовна институција во областа на бизнисот, што значително ќе се одрази на нивната понатамошна кариера. Акредитацијата од AMBA ги отвора вратите во светот на можностите на меѓународниот пазар како за студентите така и за дипломците.

Да забележиме дека програмата MBA од економскиот факултет при универзитетот во Љубљана ја доби акредитацијата  од AMBA со траење од пет години, што е најдолг период на кој што една програма може да добие сертификат за квалитет. Според мислењето на AMBA, нивото на квалитет на програмата е посебно видлив во прогресот на студентите по дипломирањето (повисоки работни позиции, повисока плата и така натаму). Таа исто така се одликува со висококвалитетен пакет на корисни содржини, кои што ги изучуваат студентите и претставува одлична платформа за развој на индивидуалниот и лидерскиот потенцијал, кој што се поддржува со невротестирање и индивидуално водење, кое се одвива во текот на целиот период додека трае програмата.

Извор: efnet.si