Проректорот од универзитетот во Нова Горица е удостоен со степен почесен доктор на Азербејџанскиот аграрен универзитет

Проректорот за настава од универзитетот во Нова Горица професор доктор Младен Франко е удостоен со степен на почесен доктор на Азербејџанскиот државен аграрен универзитет (Azerbaijan State Agricultural University – ASAU) во Гјанџ „за посебен придонес во развојот на соработката помеѓу универзитетот од Нова Горица и Азербејџанскиот државен аграрен универзитет“.

Професор Младен Франко соработува со Азербејџанскиот државен аграрен универзитет од 2013 година, кога во рамките на проектот Erasmus Mundus „Infinity“ се одржа првата размена на професори. Од 2015 година како визитинг професор на Азербејџанскиот државен аграрен универзитет тој ги споделува со студентите и колегите од универзитетот своите богати знаења и своие последни научни достигнувања од областа на органското земјоделие, химија за животнта средина, аналитички методи на хемиски анализи и карактеристиките на условите на животнта средина, обезбедување на квалитет и безбедност на прехранбените производи.

Како финансиска поддршка за реализација на неколку проекти во рамките на програмата Erasmus+ Младен Франко веќе има добиено повеќе од 170 илјади евра, што му има помогнато да организира краткорочни и долгорочни посети, професионална подготовка и обука на универзитетот од Нова Горица за многу студенти, научници и вработени од Азербејџанскиот државен аграрен универзитет.

Професор доктор Младен Франко исто така е иницијатор и разработувач на Договорот за заедничко предавање и двојни дипломи за докторите на науки од областа на науките за животната средина и агрономијата помеѓу Азербејџанскиот државен аграрен универзитет и универзитетот од Нова Горица.

Извор: ung.si