Работилница „Како да станете успешен преговарач“, Колеџ GEA, Љубљана

Во рамки на „Инкубаторот на Колеџот GEA“, во среда на 5.6.2019, во предавалната 1на колеџот во Љубљана се оддржа работилница со наслов„ Како да станете успешен преговарач“. Предавачот на работилницата проф.др. Марјан Светличич ги претстави хардвардските начела за преговори, кои темелат на филозофијата на взаемна победа, а не на тоа како да се победи спротивната страна.

Photo: © 2TM d.o.o.

Дел од тимот на 2ТМ учествувавме на оваа работилница, каде што научивме преку практични примери нешто ново за харвардската школа и нејзините принципи на преговарање.

Работилницата беше интереактивна, со осврт на различните култури на преговарање во светот, симулации, тестови и видео содржини.

Инаку главна цел на „Инкубаторот на Колеџот GEA“ е да го прошири значењето на претприемништвото, да ги поттикнува поединците и групите да станат креатори на нови идеи и работни места и со тоа да учествуваат во подобрување на економската состојба во државата  и угледот на претприемништвото. Инкубаторот е наменет за студенти, стартап претставници и претприемачи кои веќе имаат своја фирма и сакаат да се развиваат во светот на претприемништвото. 

Активностите на „Инкубаторот на Колеџот GEA“ се финансирани заеднички од Република Словенија и ЕУ, со средства од Европскиот фонд за регионален развој.