Распоред на културни настани 12.08. – 18.08.2019

Интимно: Домен Дон Холц

12.8, 21:00

Организатор: Компанија Капа.

Место на одржување на настанот: Летната сцена на Гала халата, Љубљана.

Музички концерт во стилот на алтернативата и урбаната музика во исполнување на словенечкиот пеач и гитарист Домен Дон Холц. Влезот е бесплатен. После 21:30 влезот чини 3,00 евра.

Poletna 10ka v Tobačni #25 – Open Mic

13.8, 21:00-22:30

Организатор:10ка, клуб на смеата.

Место на одржување на настанот: Tobačna, Љубљана.

Стендап спектакл. Водител на настанот ќе биде: Душан Томич. Настапуваат: Фико Дела Вега и Урх Млакар; Матиц Кокошар; Јан Кројцер; Арне Допудја; Матевж Балог. Влезот е бесплатен (доброволни прилози).

TrNOVfest, Soul Fingers&SaGaDuDaB

14.8, 20:00 – 15.8, 5:00

Организатор: Организација Трнефест.

Место на одржување на настанот: Центар за словенечка култура Франце Прешерн, Љубљана.   

Музички фестивал. Влезот чини 5,00 евра.

Maayan Danoch: In-Light

15.8-21.8

Организатор: Центар за урбана култура Кино Шишка.

Место на одржување на настанот: Катедралната сала. Љубљана.

Циклус на музички концерти во стилот на алтернативата и урбанот во формат на интерактивна инсталација. Влезот е бесплатен.

Цветомат (Словенија, Полска, Аргентина)

16.8, 20:30-22:30

Организатор: Imago Sloveniae.

Место на одржување на настанот: Стари трг, Љубљана.

Музички концерт во стилот на џез и блуз. Настапуваат: Тобија Худник (Словенија; гитара, електронски); Сузана Јасинска (Полска; вокал; електронски); Јошт Лампрет (Словенија; бас гитара, електронски); Леонардо Герстнер (Аргентина; ударни инструменти). Влезот е бесплатен.

Bohinj Beach volley tour

17.8, 9:30

Организатор: TD Bohinj.

Место на одржување на настанот: Бохињско езеро.

Турнир во одбојка на плажа. Влезот е бесплатен. Максимален број на тимови – 16. Информации на следниот линк: jure.sodja@tdbohinj.si.

Фестивал Радовлица: Импровизација со оргули

18.8, 20:00-22:00

Организатор: Друштво на љубители на стара музика Радовљица.

Место на одржување на настанот: Црква на Благовештение во Адергас, Велесово.  

Концерт на класична музика. Оргули – Рудолф Лутц (Швајцарија). Влезот чини  18,00 евра (за пензионери, студенти, ученици влезот чини 14,00 евра).