Распоред на културни настани за периодот: 09.09. – 15.09.2019

Свечено отворање на триесеттиот Фестивал Пики

9.9,17:00

Организатор на настанот: Фестивал Велење.

Место на одржување на настанот: Титов трг, Велење.

Настан за деца. Свечено отворање на Фестивалот Пики. На фестивалот ќе земе учество акробатската група Dunking Devils од Љубљана, која што се има запишано во Гинисовата книга. Влезот е слободен.

Квартет на Борис Кавац

10.9, 20:00-22:30

Организатор на настанот: Сламич д.о.о., Љубљана.

Место на одржување на настанот: Кафуле Сламич, Керсникова улица 1, Љубљана.

Музички концерт во стилот на шансоните во изведба на квартетот на Борис Кавац. Настапуваат: Борис Кавац (вокал), Игор Леонарди (гитара), Примож Флјајшман (саксофон, флејта), Тадеј Кампл (контрабас). Влезот чини – 15,00 евра.

Тај-чи: тренинг

11.9, 9:00-10:30

Организатор на настанот: Modri lotos

Место на одржување на настанот: Плац172, Целовшка цеста 172, Љубљана.

Вежбање на кинеска боречка гимнастика тај-чи. Влезот е слободен (првата посета има информативен карактер и е бесплатна, потоа се наплаќа сума од 135,00 евра за квартал = 12 посети). Задолжителна е регистрација однапред. За повеќе информации напишете ни на следната електронска адреса: zavod.modri.lotos@gmail.com, или јавете се на телефонскиот број: 041 834 480.

Help! A Beatles Tribute

12.9, 20:00-23:59

Организатор на настанот: Tobačna, Ljubljana

Место на одржување на настанот: Čin Čin Tobačna, Тржашка цеста 2, Љубљана.

Костумиран музички настан во спомен на групата Beatles. Влезот е бесплатен.

Концерт на балканската група Рибља Чорба

13.9, 20:00

Организатор на настанот: Цанкарев дом.

Место на одржување на настанот: Цанкарев дом, Љубљана.

Концерт на поп и рок музика во изведба на легендарната балканска група Рибља Чорба, позади која има – 35 години настапи, 20 студиски албуми, 6 концертни албуми и 4 синглови. Влезот чини – 23,90, 27,90, 32,90, 36,90, 42,90 евра.

Унгарија на 14-от детски саем

14.9, 10:00-19:00

Организатор на настанот: Беласиев институт.

Место на одржување на настанот: Gospodarsko razstavišče, Ljubljana

Семејно културно-забавен, образовен и информативен настан. Влезот чини – 10,00 евра.

62-от Кравји бал во Бохињ

15.9, 10:00-19:00

Организатор на настанот: TD Bohinj

Место на одржување на настанот: Prireditveni prostor v Ukancu, Ukanc v Bohinju

Фолклорно-гастроносмки настан. Влезот чини – 3,00 евра (во претпродажба), 5,00 евра (на денот на настанот).