Распоред на културни настани за периодот 19.08. – 25.08.2019

Џез понеделник: Scopes

19.8, 20:00

Организатор: Tobačna

Место на одржување на настанот: Čin čin Tobačna, Тржашка цеста 2, Љубљана

Музички концерт во стилот на џез, импровизација и фјужн во изведба на меѓународната група Scopes. Настапуваат: Јуре Пукл (саксофон), Тони Тиксер (клавијатура), Том Беркман (бас-гитара), Матиас Рапниг (ударни инструменти). Влезот е бесплатен.

Стихови покрај река – музика и поезија во паркот Шипца

20.8, 20:00-0:00

Организатор: Белетрина

Место на одржување на настанот: Парк Шипца, Љубљана

Вечерен културен настан за смееен одмор. Учестници: Бриџит Милер-Виланд (Австрија), Ноеми Ласло (Унгарија, Романија), Лу Ро (Франција), Јан Вагнер (Германија), Рита Ен Хигинс (Ирска), Dj Lara (Шведска). Влезот е бесплатен.

Денови на поезијата и виното

21.8, 19:00-23:00

Организатор: Белерина

Место на одржување на настанот: Птуј

Меѓународен фестивал на поезијата и виното. Работни јазици – словенечки и англиски. Почесни гости – поетите Радмила Лазич (Србија) и Беи Дао (Кина). Влезот е бесплатен.

Куклен театар Bičikleta: Балончиња

22.8, 9:00-10:00

Организатор: MCLU Koper

Место на одржување на настанот: Парк Хлавти (на пазарот), Копер

Постановка по мотивите од детските стихови на Отон Жупанчич. Влезот е бесплатен.

Фестивал „Млади лавови“

23.8-31.8

Организатор: Бункер

Место на одржување на настанот: Старата локална електрана- Електро Љубљана, Сломшкова улица 18, Љубљана.

22-ри меѓународен младински фестивал на визуална уметност. Влезот чини 1,00 евро. Информации на следната електронска адреса: info@bunker.si.

33. CEBE Триатлон во Бохине

24.8, 9:30

Организатор: TD Bohinj

Место на одржување на настанот: Pod Skalco, Ribčev laz

Спортски настан – тимско натпреварување во триатлон: веслање (8 километри), возење велосипед по планински патеки (16 километри) и крос-кантри (8 километри). Различни  влезници, максимум – 60,00 евра.

Средневековен саем

24.8,10:00

Организатор: Туристичко информативен центар Словењ Градец.

Место на одржување на настанот: Kavarna Čokoladica, Глевни трг 19, Словењ Градец

Ексклузивен културен настан. Влезот е бесплатен.

Mamma Mia! – За последен пат!

25.8, 21:00-0:00

Организатор: Produkcija Prospot d.o.o.

Место на одржување на настанот: Крежањске, Љубљана.

Мегапопуларен мјузикл, посветен на музичкото наследство на легендарната група АВВА. Во текот на изминатите 20 години од премиерата во ВЕст-Енд во Лондон, го имаат гледано над 54 милиони гледачи во 170 градови во повеќе од 40 земји во светот. Влезот чини 34,90 евра.