Распоред на културни настани за периодот: 23.09. – 29.09.2019

Психо

23.9, 20:00-21:30

Организатор на настанот: Gledališče Glej (Театар Гледај).

Место на одржување на настанот: Gledališče Glej (Театар Гледај), Грегорчичева улица број 3, Љубљана.

Театарска постановка. Режисер: Јаша Коцели. Текст: Даворин Ленко. Влезот чини: 10,00 евра (влезот за пензионери, студенти и ученици чини: 7,00 евра).

Katalena

24.9, 20:00

Организатор на настанот: Цанкарев дом, Љубљана.

Место на одржување на настанот: Цанкарев дом, Љубљана.

Концерт на различна музика во исполнување на групата Katalena. Настапуваат: Весна Зорник (прв вокал; придружен вокал), Полона Јанежич (пијано, клавијатури, придружен вокал), Боштјан Гомбач (кларнет, саксофон, терменвокс, укулеле, флеjта, фуjaра, придружен вокал), Тибор Михелич Сајед (бас-гитара, синтир, укулеле, eлектронски ударни инструменти Roland HPD 20, гитара, придружен вокал), Боштјан Нарат (гитара, баџо, придружен вокал), Роберт Ребољ (ударни инструменти). Влезот чини: 15,00 евра.

Ритми на етно, танци и вино

24.9, 17:30-19:00

Организатор на настанот: Беласиев институт.

Место на одржување на настанот: Беласиев институт, Брварска патека број 8, Љубљана.

Танцувачки настан. Водител: Марија Кек. Влезот е бесплатен.

Скандинавско одење

25.9, 9:00

Организатор на настанот: Туристичко информативен центар Словењ Градец

Место на одржување на настанот: Андешки храм, Главни трг 28а, Словењ Градец.

Рекреативен настан. Влезот е бесплатен.

Рошин Марфи ја отвара сезоната на Kurzschluss 2019

26.9, 21:00-27.9, 1:00

Организатор на настанот: Kurzschluss.

Место на одржување на настанот: Стопански изложбен центар – салата Коцка, Љубљана.  

Концерт на електронска музика во исполнување на познатата британска пеачка Рошин Марфи. Влезот чини – од 25,00 евра.

Есенски серенади: концерт во спомен на професор Томаж

27.9, 19:30

Организатор на настанот: Музичка љубљанска младина.

Место на одржување на настанот: Областен музеј Љубљана.

Концерт на класична музика. Програма: А. Дворжак, П. И. Чејковски. Настапуваат: Ана Должан (виолина), Вид Сајович (виолина), Нејц Миколич (виола), Анјуша Плесничар (виола), Изак Худник (виолончело), Катарина Козјек (виолончело). Влезот е бесплатен.

50 нијански на жени: комедија

27.9, 20:00-21:20

Организатор на настанот: Талија – креативна лабораторија.

Место на одржување на настанот: Дом на културата Шпански борци, Љубљана.

„Комедија, која што ја открива вистината за жените“. Влезот чини: 15,00 евра.

Drop-in – работилница со Хамја Ахсан

28.9, 10:00-18:00

Организатор на настанот: Центар за урбана култура Кино Шипка.

Место на одржување на настанот: Галерија Добра Вага, Љубљана.

Авторски културен настан. Регистрација на следната електронска адреса: petra.derganc@mglc-lj.si. Влезот е бесплатен.

Јосипа Лисац

Линк: https://www.napovednik.com/dogodek517720_josipa_lisac

29.9, 19:00

Организатор на настанот: Цанкарев дом

Место на одржување на настанот: Цанкарев дом, Галусова сала, Љубљана.

Концерт на различна музика во исполнување на легендарната хрватска пеачка Јосипа Лисац. Влезот чини: 17,00, 21,00, 24,00, 28,00, 33,00 евра.