Распоред на културни настани за периодот од 03.02.2020 – 09.02.2020

Фрлање со секира

03.02, 15:00-21:00 часот

Организатор на настанот: Sekiromet – Axe Throwing Europe, телефон за контакт: +386 (0) 40 87 87 38.

Место на одржување на настанот: Sekiromet – Axe Throwing Europe, Кајухова 35, Љубљана.

Масовен настан. Рекреација. Цената на влезот започнува од 17,5 евра. За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: info@axe-throwing.si.

Нивес Залокар: Австралија – моето лично искуство

04.02, 18:00-19:30 часот

Организатор на настанот: Словенечки етнографски музеј, телефон за контакт: (01) 300 87 00.

Место на одржување на настанот: Словенечки етнографски музеј, Метелкова 2, Љубљана.

Предавање за современата Австралија, нејзиното домородно население и нивната култура. Влезот на овој настан е слободен.

Пазар на органски производи во трговскиот центар Europark

05.02, 14:00-19:00 часот

Организатор на настанот: Europark, телефон за контакт: (02) 320 82 10.

Место на одржување на настанот: Трговски центар Europark, Побрешка цеста 18, Марибор.

Кулинарен настан. Голем асортиман на органски прехранбени производи. Влезот на овој настан е слободен.

Маја Кутин: Што крие хебрејскиот?

06.02, 18:00 часот

Организатор на настанот: Локална библиотека Љубљана, телефон за контакт: (01) 308 55 00.

Место на одржување на настанот: Библиотека Отон Жупанич, Керсникова 2, Љубљана.

Предавање за тајните на хебрејскиот јазик со 3 илјади годишна историја. Влезот на ова предавање е слободен.

Гастрономска вечер на современите словенечки јадења

07.02, 19:30-22:00 часот

Организатор на настанот: Korona, Casinò & Hotel, телефон за контакт: +386 4 587 82 81.

Место на одржување на настанот: Korona, Casino & Hotel, Вршишка 23, Крањска Гора.

Гастрономски настан. Влезот на овој настан е слободен. За повеќе информации и за резервирање на место до 05-ти февруари 2020 година напишете на следната електронска адреса: marketing.korona@hit.si.

Денот на Прешерн во Љубљанскиот замок

08.02, 10:00-18:00 часот

Организатор на настанот: Љубљанскиград, телефон за контакт: 01/ 306 42 93.

Место на одржување на настанот: Љубљанскиград, Грајскапланота 1, p.p. 72, Љубљана.

Ден на отворени вратни, посветени на денот на Франце Прешерн – словенечки културен празник. Влезот на овој настан е слободен. За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: virtualni-grad@ljubljanskigrad.si.

Мариборски саем за свадби

09.02, 11:00-18:00 часот

Организатор на настанот: Revija Moja poroka.

Место на одржување на настанот: Hotel City Maribor.

Традиционален саем на производи за свадба од словенечки производители. Голема распродажба по одлични цени. Влезот на овој настан е слободен.