Распоред на културни настани за периодот од: 04.11. до 10.11.2019

Патеписни понеделници во Целица: Велигденски острови, Чиле и Боливија

04.11, 19:00 часот

Организатор на настанот: Хостел Целица.

Место на одржување на настанот: Хостел Целица, Љубљана.

Предавање на фотографот Нејца Драгањеца за патувањата во далечните и загадочни места во светот, како што се Боливија, Чиле и Велигденските острови. Влезот на овој настан е слободен.

Андреја Раух Подрзавник: „Што ќе остане“

05.11, 18:00 часот

Организатор на настанот: Бункер.

Место на одржување на настанот: Старата локална електрана – Електро Љубљана, Сломшкова улица 18, Љубљана.

Танцов настан. Влезот чини: 10,00 евра; за пензионери, студенти, ученици чини 7,00 евра. За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: info@bunker.si или јавете се на следниот телефонски број: 051 269 906.

Рената Сабљак и квартетот на Горан Рукавина

06.11, 20:00-22:30 часот

Организатор на настанот: Slamič d.o.o., Љубљана.

Место на одржување на настанот: Кафуле Сламич, Керсникова улица 1, Љубљана.

Музички концерт во стилот на џез, поп, соул, шансони во изведба на хрватската актерка и пеачка Рената Сабљак и квартетот на Горан Рукавина (Миха Хавлина – саксофон; Марко Петрович – фортепиано; Горан Рукавина – електрична бас-гитара; Жига Кожар – ударни инструменти). Влезот чини: 15,00 евра.

Jez

07.11, 19:00 часот

Организатор на настанот: SNG Drama Ljubljana.

Место на одржување на настанот: Голема сцена, SNG, Љубљана.

Драма. Режисер и сценарист: Конор МекПерсон (Ирска). Влезот чини: 8,00 – 25,00 евра.

Swallow the Sun (Финска), October Tide (Шведска), Oceanwake (Финска)

08.11, 19:30 часот

Организатор на настанот: Орто Бар.

Место на одржување на настанот: Орто Бар, Грабловичева улица 1, Љубљана.

Концерт на поп и рок музика во изведба на групите од Финска Swallow the Sun и Oceanwake, а исто така и групата од Шведска October Tide. Влезот чини: 22,00 евра (во претпродажба), 25,00 евра (на денот на одржување на концертот).

Прекмурје ќе се претстави на Погачерјевиот плоштад

09.11, 8:00-14:00 часот

Организатор на настанот: Баласиев институт.

Место на одржување на настанот: Погачарјев трг, Љубљана.

Панаѓур за производи од Прекомурје. Влезот на овој настан е слободен.

Tutti Frutti Slo Edicija: Rok Ferengja Rok n Band

09.11, 23:00 часот – 10.11, 5:00 часот

Организатор на настанот: Циркус клуб.

Место на одржување на настанот: Клуб Циркус, Трг младинских деловских бригад 7, (поранешно кино Вич), Љубљана.

Концерт на разна музика со учество на познатиот словенечки пеач Роко Ференгја и групата Rok n Band. Најдобрите словенечки хитови од 90-те и 2000-те. Влезот чини: 8,00 евра; ВИП – 18,00 евра.

Светлана Макарович, Horror mundi

10.11, 19:00 часот

Организатор на настанот: SNG Drama Ljubljana.

Место на одржување на настанот: Голема сцена, SNG, Љубљана.

Драма. Автор: Светлана Макарович. Музика: Златко Каучич. Влез: 8,00 – 25,00 евра.