Распоред на културни настани за периодот од 09.03.2020 до 15.03.2020

Марија Кочевар: Пост – древно лекарство

09.03, 18:00 часот

Организатор на настанот: Локална библиотека Љубљана, телефон за контакт: 01/308 50 05.

Место на одржување на настанот: Библиотека Отон Жупанич, Кресникова 2, Љубљана.

Предавање за значењето на постот, неговото влијание на здравјето и општата состојба. Влезот на овој настан е слободен.

Вештачка интелегенција: најголема закани или најголема надеж?

10.03, 20:00 часот

Организатор на настанот: Цанкарев дом, телефон за контакт: (01) 241 71 00.

Место на одржување на настанот: Цанкарев дом, Косовелова сала, Љубљана.

Округла маса. Учесници: доктор Лука Омладич, претставник од УНЕСКО за прашања за етиката, поврзани со вештачката интелегенција; доктор Мишел Леонарди, директор на IBM Slovenija; Боштјан Шпетич, основач на компјутерската компанија Zemanta. Модератор: доктор Али Жердин. Влезот на овој настан е слободен.

Стрес и опуштање во секојдневниот живот

11.03, 09:00-10:00 часот

Организатор на настанот: Туристичко информативен центар Словењ Градец, телефон за контакт: (02) 881 21 16.

Место на одржување на настанот: Андешки храм, Главни трг 28a, Словењ Градец.

Предавање на Мојца Шипек. Влезот на овој настан е слободен.

Дружење и друштвени игри

12.03, 10:00-11:30 часот

Организатор на настанот: Библиотека Домжале, телефон за контакт: (01) 724 12 04.

Место на одржување на настанот: Библиотека Домжале, Цеста талчев 4, 1230 Домжале.

Друштвени игри за возрасни. Водител и организатор на настанот ќе биде Матеја Учакар. Влезот на овој настан е слободен.

Фестивал на кафето во Република Словенија

13.03, 09:00-18:00 часот

Организатор на настанот: Celjski sejem d.d., телефон за контакт: (03) 543 30 00.

Место на одржување на настанот: Цељски саем, Дешкова цеста 1, Цеље.

Фестивалот на кафето е најголем ваков настан во земјата. Влезот на овој настан чини 7,00 евра (во предпродажба), 8,00 евра (на денот на настанот).

„Љубљана. Историја. Град“

14.03, 16:30-17:30 часот

Организатор на настанот: Музеј и галерија на градот Љубљана, телефон за контакт: 01 / 24 12 500.

Место на одржување на настанот: Локален музеј на Љубљана, Госпоска 15.

Екскурзија по изложбата, посветена на историјата на Љубљана од дамнешни времиња до денес. Влезот на овој настан чини: 4,00/6,00 евра.

Државен шампионат по снежна одбојка

15.03, 08:30-16:30 часот

Организатор на настанот: Одбојкарски сојуз на Република Словенија, телефон за контакт: (01) 438 53 70.

Место на одржување на настанот: Плажа Крвавец, Церкље на Горењскем.

Спортски настан. Влезот на овој настан е слободен.