Распоред на културни настани за периодот од 18.11. до 24.11.2019

Фрлање секира

18.11, 15:00-21:00 часот

Организатор на настанот: Sekiromet – Axe Throwing Europe, телефон за контакт: +386 (0) 40 87 87 38.

Место на одржување на настанот: Sekiromet – Axe Throwing Europe, Кајухова 35, Љубљана.

Настан од забавен карактер. Цената на влезницата започнува од 17,50 евра. За повеќе информации напишете на следната електронска адреса: info@axe-throwing.si.

Предавање по цивилизација за Норвешка

19.11, 10:00 часот

Организатор на настанот: Туристичко информативен центар Словењ Градец, телефон за контакт (02) 881 21 16.

Место на одржување на настанот: Андешки храм, Главни трг 28a, Словењ Градец.

Предавање на Сабина Зорјан за норвешкиот начин на живот, за жителите, природата, културните знаменитости и така натаму. Со поддршка на MOCIS, Центарот за образование на возрасни. Влезот на овој настан е слободен.

Концерт Symphonic voices: Колку е краток овој миг

20.11, 19:30-21:00 часот

Организатор на настанот: АПЗ Приморски универзитет

Место на одржување на настанот: Protokolarno-prireditvena dvorana sv. Frančiška Asiškega, Копар.

Концерт на класична музика со учество на хорот на Словенечката филхармонија. Вечер на хорски дела на еден од најдобрите словенечки композитори – Лоизе Лебич. Диригент: Ерица Буковец. Влезот на овој настан е слободен.

Светски ден на филозофијата: да ги разгледаме повторно нашите вредности

21.11, 12:00-14:00 часот

Организатор на настанот: Приморскиот универзитет, Педагошки факултет, телефон за контакт: (05) 663 12 60.

Место на одржување на настанот: Protokolarno-prireditvena dvorana sv. Frančiška Asiškega, Копар.

Културен настан во чест на Светскиот ден на филозофијата. Разговор на тројца филозофи со деца и млади. Учесници: доцент доктор Смиљана Гартнер (философски факултет при универзитетот во Марибор); професор доктор Томаж Грушовник (педагошки факултет при Приморскиот универзитет); Горазд Брне (наставник по филозофија и директор на Гимназијата Илирска Бистрица). Влезот на овој настан е слободен.

Саем на грамафонски плочи

22.11, 10:00-19:30 часот ; 23.11, 8:00-13:00 часот

Организатор на настанот: Локалната библиотека Љубљана, телефон за контакт: (01) 308 55 00.

Место на одржување на настанот: Библиотека Бежиград, Еинспиелерева улица 1, Љубљана.

Масовен настан. Влезот е слободен.

Винска екскурзија во Рови кај стар Крањ

23.11, 13:00-19:00 часот

Организатор на настанот: Завод за туризам и култура Крањ, телефон за контакт: (04) 238 04 50.

Место на одржување на настанот: Рови кај стар Крањ.

Гастрономски настан. Понудата на одлични вина е надополнета со сирења, разни пецива, производи од месо. Регионите кои што произведуваат вино ќе ја претстават својата туристичка и гастрономска понуда, а исто така и културните знаменитости. Влезот на овој настан чини: 14,00-16,00 евра.

Таинствена Месечина: практикум за деца

24.11, 14:00-18:00 часот

Организатор на настанот: Технички музеј на Република Словенија.

Место на одржување на настанот: Технички музеј на Република Словенија, Бистра кај Врхники.

Детски едукативен настан. Влезот на овој настан чини: 4,00-6,50 евра.