Распоред на културни настани за периодот од: 21.10. – 27.10.2019

15 минути слава: Никола Божовиќ Коља и Вук Чук

21.10, 18:15 часот

Организатор на настанот: Центар за урбана култура Кино Шишка, телефон за контакт: 030 310 100.

Место на одржување на настанот: Кино Шишка, Трг прекоморских бригад 3, Љубљана.

Културен настан од областа на визуелната уметност со учество на српските уметници Никола Божович Коља и Вук Чук. Влезот на овој настан е слободен.

Денови на физиката

22.10, 9:00-13:00 часот

Организатор на настанот: Технички музиеј на Република Словенија, телефон за контакт: +386 (0)1 436 16 06.

Место на одржување на настанот: Технчки музеј на Република Словенија, Бистра кај Врхники.

Научен настан. Влезот чини: 4,00 евра (за пензионери, студенти, ученици); 6,50 евра (за возрасни). За повеќе информации јавете се на следниот телефонски број: 01/750 66 72, или напишете на следната електронска адреса: programi@tms.si.

Конференција RTM 2019: создавање на синерија

23.10, 9:00-15:45 часот

Организатор на настанот: Тактика плус, телефон за контакт: (01) 421 44 00.

Место на одржување на настанот: Љубљански град, Љубљана.

Бизнис-конференција, насочена кон подигнување на свеста за важноста на контролата на квалитетот за одржлив развој на Република Словенија и Централна Европа. Влезот чини: 20,00 – 60,00 евра.

Streetstival – Фестивал на уличната уметност 2019

24.10, 8:30-18:00 часот

Организатор на настанот: Zavod BOB, телефон за контакт: 031 434 060.

Место на одржување на настанот: Економски факултет, Љубљана.

Професионален настан, посветен на современиот стрит-арт. Влезот за овој настан е слободен.  

Жива музика и танци во ресторанот Via Bona

25.10, 20:00-00:00 часот

Организатор на настанот: Ресторан – klub Via Bona, телефон за контакт: (01) 200 50 80.

Место на одржување на настанот: Ресторан Via Bona, Тбилиска 59, Љубљана.

Танцов настан. Влез слободен. Порачката на храна е по желба. За резервација на маса јавете се на следниот телефонски број: 041 843 303.

„Љубљана. Историја. Град„

26.10, 16:30-17:30 часот

Организатор на настанот: Музеј и галерија на градот Љубљана, телефон за контакт: 01 / 24 12 500

Место на одржување на настанот: Локален музеј Љубљана, Госпоска 15.

Екскурзија по изложбата. Влезот чини: 4,00 евра (за пензионери, студенти, ученици); 6,00 евра (за возрасни).

Неделна распродажба на антиквитети

27.10, 8:00-15:00 часот

Организатор на настанот: EURO VARIA d.o.o.

Место на одржување на настанот: Љубљана Брег, брегот Љубљаница.

Традиционална изложба-саем. Влезот за овој настан е слободен.