Распоред на културни настани за периодот од 27.01.2020 до 02.02.2020 година

Дали им верувате на своите чувства? Проверете го тоа во Куќата на илузиите

27.01, 09:00-22:00 часот

Организатор на настанот: Хиша Илузии, телефон за контакт: (01) 320 54 66.

Место на одржување на настанот: Хиша Илузии, Конгресни трг 13, 1000 Љубљана.

Фамилијарен настан. Влезот на овој настан чини од 5,95 евра (за деца од 5 години).

Презентација на Грузија

28.01, 18:00 часот

Организатор на настанот: Обласна библиотека Љубљана, телефон за контакт: (01) 308 55 00.

Место на одржување на настанот: Библиотека Грба, Цеста на Брдо 63.

Презентација на Грузија – земјата на сонцето, виното и живописните планини. Вoдител на настанот: Катја Јарц. Влезот на овој настан е слободен.

14-ти Меѓународен експертски саем на вкусови

29.01, 10:00-19:00 часот

Организатор на настанот: Приморски саем д.о.о., телефон за контакт (05) 626 02 16.

Место на одржување на настанот: Стопански изложбен центар, Љубљана.

Саем во чии што рамки ќе се одржат практикуми, интерактивни предавања, презентации, иновативна изложбена програма и интересни натпреварувања. Влезот на овој настан чини: 7,00 евра (полна цена); 5,00 евра (со попуст).

Поглед надвор од миграцијата

30.01, 17:00 часот

Организатор на настанот: Библиотека Домжале, телефон за контакт: (01) 724 12 04.

Место на одржување на настанот: Библиотека Домжале, Цеста талчев 4, 1230 Домжале.

Презентација и округла маса. Гости: доктор Маријанца Ајша Вижинтин, доктор Андраж Тершек. Модератор: Цвета Залокар. Влезот на овој настан е слободен.

Филмови за после ручек

31.01, 13:00-17:00 часот

Организатор на настанот: Јавна установа за млади змеј, телефон за контакт: (01) 306 40 64.

Место на одржување на настанот: Mladi zmaji črnuče, Дунавска 367, Љубљана.

Кинопроекции. Влезот на овој настан е слободен.

„Љубљана, историја. Град“

01.02., 16:30-17:30 часот

Организатор на настанот: Музеј и галерија на градот Љубљана, телефон за контакт: 01 / 24 12 500.

Место на одржување на настанот: Областен музеј Љубљана, Госпоска 15.

Екскурзија по изложбата, посветена на историјата на Љубљана од дамнешни времиња до денес. Влезот на овој настан чини од: 4,00 до 6,00 евра.

Танцова алхемија и бранч

02.02, 10:00-14:00 часот

Организатор на настанот: Фичо Балет, телефон за контакт: 041 853 891.

Место на одржување на настанот: Gibalni inštitut Vija vaja, Долењска цеста 43, Љубљана.

Танцов настан. Влезот чини: 30,00 евра, за деца е бесплатно. Задолжителна регистрација до 31-ви јануари 2020 година на следната електронска адреса: goran@fichoinstitue.com.