Распоред на културни настани за периодот од 28.10. до 03.11.2019

Семејството Адамсови

28.10, 19:30 часот

Организатор на настанот: МГЛ – Локален љубљански театар.

Место на одржување на настанот: МГЛ (Голема сцена), Љубљана.

Комедија. Мјузикл. Според мотивите од познатата американска телевизиска серија од 1964 година. Влезот за овој настан чини: 18,00 – 22,00 евра.

Симона Предник Плантев, „Куќичка за птици“

29.10, 10:00 часот

Организатор на настанот: Обласната библиотека Љубљана.

Место на одржување на настанот: Библиотека Фужине, Преглов трг 15, Љубљана.

Настан наменет за деца. Влезот на овој настан е слободен. Задолжителна регистрација на следниот телефонски број: 01 308 54 20, или на електронската адреса: fuzine@mklj.si.

Ади Смолар – концерт по повод 60 годишнината

30.10, 20:00-21:30 часот

Организатор на настанот: Кинг Конг Театар

Место на одржување на настанот: Национална куќа Логатец, Логатец.

Концерт на различна музика во изведба на популарниот словенечки пејач Ади Смолар. Влезот на концертот чини: 18,00 евра (во претпродажба), 22,00 евра (на денот на концертот).

Волшебнички пикник

31.10, 14:00-18:00 часот

Организатор на настанот: Завод за туризам и култура Крањ.

Место на одржување на настанот: Главни трг, Крањ.

Ноќ на вештерките. Масовен настан – маскенбал. Влезот на овој настан е слободен.

Halloween House Classics by Tom Novy

31.10, 21:00 – 1.11, 4:00

Организатор на настанот: I AM Party

Место на одржување на настанот: Љубљански град, Љубљана.

Концерт на електронска музика со учество на познатиот германски продуцент и DJ Том Нови. Влезот на овој концерт е слободен.

L’Indiescotheque w/Vlad

01.11, 21:00 часот

Организатор на настанот: Организација Капа.

Место на одржување на настанот: Гала сала, Љубљана.

Музички концерт во стилот на алтернативата и урбанот со учество на словенечкиот исполнувач Владимир Петкович. Влезот на овој настан е слободен (до 00:00 часот), потоа се наплаќа – 3,00 евра.

Малата волшебничка, која што не можела да биде лоша

02.11, 11:00 часот

Организатор на настанот: SiTi Teater BTC.

Место на одржување на настанот: SiTi Teater BTC, Љубљана.

Театрска претстава за деца од три години. Претставата трае 40 минути. Режисер: Бјанка Кршманц. Влезот за претставата чини: 5,40 – 6,00 евра.

Лола Астанова

03.11, 20:00

Организатор на настанот: Цанкарев дом.

Место на одржување на настанот: Цанкарев дом, Љубљана.

Концерт на класична музика во изведба на американскиот виртуоз, пијанистката Лола Астанова. Влезот на овој концерт чини: 36,00, 40,00, 45,00, 54,00 евра.