Ректорова награда за најиновација на Универзитетот во Љубљана 2019

Конкурсот за Ректоровата награда е традиционален и е наменет за студентите и вработените на Универзитетот во Љубљана, и стимулира влез на иновации на пазарот.

Наградниот фонд изнесува 6000 евра за најдобрите три иновации. Во април 2019 година ректорот на Универзитетот во Љубљана, д-р Игор Папич, на првиот од тројцата финалисти ќе му додели награда од 3000 евра, на вториот – 2000 евра и на третиот – 1000 евра.

Кој може да се пријави?

Вработените, истражувачите или педагошките работници на Универзитетот во Љубљана, студентите на Универзитетот во Љубљана, како и алумнито на Универзитетот во Љубљана, кои треба да го исполнуваат условот – од завршувањето на студиите да не изминале повеќе од три години. Членови на групите може да бидат и вработени во други институции или студенти од други универзитети, меѓутоа во тој случај раководителот на групата мора да ги исполнува погоренаведените услови.

Важни датуми

Рокот за поднесување на пријавите е заклучно со 3 март 2019 година, до 23:59 часот. Вашите иновации пријавете ги преку интернет-образецот.

Од 11 до 29 март 2019 година ќе се одвиваат подготвителните работилници: Оформи ја својата бизнис идеја, Кратка презентација, Заштита на интелектуалната сопственост и Тренинг за презентација на идеите.

Од 3 до 5 април 2019 година ќе се одвива изборот на осумте финалисти – презентација на финалистите пред малубројна стручна комисија.

На 10 април 2019 година ќе се презентираат осумте финалисти пред проширена комисија (претставници од стопанството, инвеститори, стартап-претприемачи, претставници на истражувачки институции) и ќе се изврши избор на победниците.

На 17 април 2019 година ќе се презентираат сите осум финалисти, ќе се прогласат победниците и ќе се додели Ректоровата награда за најиновација на Универзитетот во Љубљана.

На конкурсот може да се пријават иновациите за кои:

  1. оние што ги пријавуваат до денот на пријавувањето на Конкурсот немаат ниту една издадена фактура за продажба на продуктите, услугите или интелектуалната сопственост, ниту решение за добивање неповратни средства од поширокото подрачје на функционирање на идејата (за услогласеноста на подрачјето решава комисија, формирана од ректорот);
  2. оние што се пријавуваат, заклучно до 3 март 2019 година не биле членови на претприемачки екипи, вклучени во субјекти на поддржувачка средина (претприемачки и универзитетски инкубатори, технолошки паркови).

Критериуми за оценување

  1. јасно опишана идеја,
  2. иновативност на проектот,
  3. технолошка перспективност на производот/услугата, што е предмет на проектот,
  4. ниво на ризик во однос на оценетото пазарно искористување,
  5. големина на пазарниот потенцијал,
  6. изложеност на конкуренција и конкурентна предност,
  7. квалитет на економијата на проектот,
  8. квалитет на планираната реализација на проектот,
  9. соодветност на тимот за реализација на проектот,
  10. квалитет на односите спрема Универзитетот во Љубљана,
  11. развиеност на иновацијата,
  12. влијание за подобрување на квалитетот на живот,
  13. општествена одговорност на проектот,
  14. проектот да не е во спротивност со етиката и моралот,
  15. петминутна презентација на идејата.

За повеќе информации, е-пошта: info@lui.uni-lj.si, тел.: 01 620 34 82.

Интернет-врска: uni-lj.si