Репертоар на културни настани 24 – 30 декември 2018 година

Божиќна света миса

24 декември, 22.00 – 23.00 часот

Организатор: Ljubljanski grad 

Место на настанот: Grajska kapela, Ljubljanski grad, Ljubljana

Традиционална божиќна света миса во капелата на Љубљанската тврдина Св. Јуриј. Светата миса ќе ја води Превозвишениот Франци Трстењак. Бројот на местата е ограничен. Влез: слободен.

Zajčkova hišica

24 декември, 17.00 часот

Организатор: Куклен театар Љубљана

Место на настанот: Мала сцена на Куклениот театар Љубљана, Љубљана

Куклена претстава за деца. Режисер: Мартина Маурич-Лазар. Влезница: 5 евра.

Божиќ во Љубљана 2018 – Симфониски оркестар Cantabile

Интернет-врска: https://www.napovednik.com/dogodek497662_bozic_v_ljubljani_2018

25 декември, 19.30 часот

Организатор: Цанкарјев дом.

Место на настанот: Цанкарјев дом, Галусова дворана, Љубљана

Концерт на класична музика. Програма: G. Gjurin, G. F. Gendel, C. Gounod, M. P. Musorgski, M. Ravel, N. Paganini, M. Krečič. Диригент – Marjan Grdadolnik. Режисер – Henrik Neubauer. Влезница: 12, 15, 18, 20 евра.

Мањифико – божиќен концерт во Арена Стожице

25 декември, 20.00 – 00.00 часот

Организатор: Дом Свободе д.o.o.

Место на настанот: Дворана Стожице, Љубљана

Концерт на словенечкиот балкан диско шлагер музичар Роберт Пешут, попознат како Мањифико. Влезница: 27, 29, 35, 135 евра.

Slon in Sadež – SiTi za dobro musko

26 декември, 20.00 часот

Организатор: SiTi Teater BTC

Место на настанот: SiTi Teater BTC, Ljubljana

Акустичен концерт на мешана музика со учество на познатата словенечка група Slon in Sadež. Влезница: 15,30 – 17 евра.

Комедија Ti nori tenorji

27 декември, 19.30 часот

Организатор: Šentjakobsko gledališče

Место на настанот: Šentjakobsko gledališče, Krekov trg 2, Ljubljana

Најдобра претстава според гледачите и стручното жири на фестивалот Чуфарјеви дневи 2016. Автор – Кен Лудвиг. Главна улога: Дамијан Перне. Влезница: 7 евра и повеќе.

Bitch Boys

28 декември, 21.00 – 23.30 часот

Организатор: Niko Skubic s. p.

Место на настанот: Nostalgija Vintage Cafe, Krakovski nasip 4, Ljubljana

Концерт на сурф рок музика со учество на словенечката група Bitch Boys. Влез: слободен.

Пепелашка

29 декември, 19.00 часот

Организатор: SNG Opera in balet Ljubljana

Место на настанот: SNG Opera in balet Ljubljana

Опера и балет. Режисер – Jérôm Savary. Влезница: 10 – 39 евра.

Lučka Regrat

30 декември, 11.00 часот

Организатор: Куклен театар Љубљана

Место на настанот: Šentjakobski oder LGL, Ljubljana

Куклена претстава за деца. Автор на текстот: Грегор Стрниша. Режисер: Маруша Кинк. Влезница: 5 евра.