Репертоар на културни настани 7 јануари – 13 јануари 2019

д-р Богомил Ферфила: Саудиска Арабија, Кувајт

7 јануари, 18.00 часот

Организатор: Градска библиотека Љубљана

Место на настанот: Библиотека Отона Жупанчича, Керсникова 2, Љубљана

Патеписно предавање на д-р Богомил Ферфила за најбогатите држави на светот: Саудиска Арабија, Катар и Кувајт. Влез: слободен.  

Impronedeljek

7 јануари, 21.00 часот

Организатор: Центар за урбана култура Кино Шишка

Место на настанот: Kavarna Kino Šiška, Ljubljana

Концерт на џез и блуз музика. Настапуваат: Пиа Подгорник (саксофон); Миха Гантар (клавир); Гашпер Ливк (контрабас); Филип Мозетич (тапани). Влез: слободен.

Trip to Las Vegas Experience – Elvis Special – Oto Pestner, Uroš Perić & Omar Naber

8 јануари, 20.00 часот

Организатор: SiTi Teater BTC

Место на настанот: SiTi Teater BTC, Ljubljana

Концерт на џез и блуз музика со учество на познатите словенечки музичари: Ото Пестнер, Урош Периќ и Омар Набер. Настан по повод роденденот на легендарниот Елвис Присли. Влезница:  20,7 – 23 EUR.

Ljubljanica

9 јануари – 10 март 2019 година

Организатор: Цанкарјев дом

Место на настанот: Цанкарјев дом, Мала галерија, Љубљана

Изложба на фотографии на Бојан Великоња. Влез: слободен.

Tak si

10 јануари, 20.00 часот

Организатор: SiTi Teater BTC

Место на настанот: SiTi Teater BTC, Ljubljana

Комедија. Текст: Горан Војновиќ. Режисер: Александар Поповски. Актери: Клемен Слакоња, Тадеј Тош. Влезница: 15,30 – 17 EUR.

Oranžni 4 in izven

11 јануари, 19.30 – 22.00 часот

Организатор: Словенечка филхармонија

Место на настанот: Цанкарјев дом, Галусова дворана, Љубљана

Концерт на класична музика со учество на Оркестарот на Словенечката филхармонија. Диригент: Michael Wendeberg. Програма: Vito Žuraj, Alavò; Richard Strauss, Junakovo življenje, op. 40. Настапуват: Rinnat Moriah (сопран), Jean-Frédéric Neuburger (клавир). Влезница: 10 – 28 EUR.

Profesor Kuzman mlajši

12 јануари, 20.00 часот

Организатор: SiTi Teater BTC

Место на настанот: SiTi Teater BTC, Ljubljana

Монокомедија со учество на познатиот словенечки комичар Урош Кузман, посветена на учениците и на учителите. Влзеница: 15,3 – 17 EUR.

Časopis, prvi odtis zgodovine

13 јануари, 20.30 – 23.00 часот

Организатор: Cankarjev dom

Место на настанот: Cankarjev dom, Prvo preddverje, Ljubljana

Тематска изложба по повод 60-годишнината од весникот „Дело“. Влез: слободен.