Република Словенија го достигна највисокиот јулски суфицит во размената на стоки со Европската Унија за последните 20 години – од работењето на Службата за статистика

Согласно дополнетите податоци од Службата за статистика, објавени во петокот, на 27-ми септември 2019 година, Република Словенија за првите седум месеци од 2019 година извезла стока во вредност од 19,8 милијарди евра, што е за 9,4% повеќе, отколку минатата година во истиот период.

Во јули 2019 година извозот пораснал за 11,6% и изнесувал 2,21 милијарди евра, а увозот – за 16,4%, и изнесувал 2,16 милијарди евра. При тоа Република Словенија го достигна највисокиот јулски суфицит во размената со стоки со земјите од Европската Унија за последните 20 години за сума од 49,7 милијони евра, истакнаа во Службата за статистика. Сумираните јулски показатели за извоз и увоз се покажаа како највисоки за последните 10 години. Покривањето на увозот со извозот во јули 2019 година изнесуваше 99,89%.

Во јули 2019 година Република Словенија извезла во земјите од Европската Унија стока во износ од 811,4 милиони евра (за 32,2% повеќе, отколку во јули 2018 година), а направила увоз – за сума од 864,4 милиони евра (за 62,3% повеќе, отколку во јули 2018 година). На страна на Европската Унија во јули 2019 година е 73,1% целиот извоз и 71,4% целиот увоз.

Вкупниот обем на извоз за седум месеци од 2019 година во годишната пресметка пораснал за 9,4%, и изнесува 19,819 милијарди евра, а вкупниот обем на увоз – за 12%, и изнесува 19,825 милијарди евра. Дефицитот изнесува 6,1 милиони евра, а покривањето на увозот со извозот изнесува – 99,97%.

Извор: siol.net