Република Словенија ја зацврстува соработката со Јапонија во областа на рехабилитациската роботика

Република Словенија и Јапонија воспоставуваат потесна соработка во областа на разработката и истражувањето на роботизираните терапевтски апарати, кои што се користат при рехабилитација. Овие напори ги обединуваат претставниците од медицината, науката и бизнисот: Универзитетскиот институт за рехабилитација – Соча (URI – Soča), универзитетот од Љубљана, Здравствениот универзитет Фуџита (Fujita Health University) и Toyota Motor Corporation. Со таа цел нивните водечки претставници во вторникот, на 13-ти август 2019 година, објавија за првите преговори за размена на знаења и технологии и потпишаа две спогодби за соработка.

Партнерите ги обединува заедничката мисија, да им овозможат на луѓето да бидат по мобилни и да им помогнат побрзо да се вратат во средината во која што се навикнати да живеат. Нивните први заеднички чекори ќе бидат насочени кон преговори за заедничко користење на технологијата, разработена од URI, и технологијата, разработена од Toyota Motor Corporation, во соработка со Здравствениот универзитет Фуџита. URI – Soča и универзитетот од Љубљана тесно соработуваат во заедничките истражувачки програми со факултетот за медицина и факултетот за електротехника. Здравствениот универзитет Фуџита и Toyota Motor Corporation (Јапонија), соработуваат во рамките на одделот за роботика BR-Medicare, Frontier Research Center, специјализирајќи се за разработка и производство на апарати за пациенти, кои што се рехабилитираат после повреда или болест, за обновување или подобрување на мобилноста.

Извор: uni-lj.si