Република Словенија се искачи за пет места на престижниот рејтинг Travel and Tourism Competitiveness Report 2019

Република Словенија се искачи за пет места на новиот глобален рејтинг „Конкурентноста за патување и туризам“, заземајќи го 36-то место од 140 земји според резултатот од анкетата, одржана на Светскиот економски форум (СЕФ). Во врска со ова, министерот за економија на Република Словенија Здравко Почивалшек потенцираше дека Република Словенија се наоѓа на правиот пат во сферата на туризмот.

Во рејтингот Travel and Tourism Competitiveness Report 2019 година Република Словенија освои во просек 4,3 од 7 поени, врз основа на 14 елементи на конкурентност во четири клучни категории – благопријатна средина, политиката во областа на туризмот и благопријатните услови, инфраструктура и природни и културни ресурси. Република Словенија покажа најдобри резултати во областа на еколошката одржливост, заземајќи го 8-то место, и во областа на безбедноста каде што го зазема 15-то место. По инфраструктурата на автомобилскиот и морскиот транспорт земјата го зазема 20-то место, според природните ресурси го зазема 26-то место, според туристичката инфраструктура – 27-то место.

На врвот на рејтингот за конкурентност за патување и туризам остануваат Шпанија, Франција и Германија; по нив следуваат Јапонија, Соединетите Американски Држави, Велија Британија, Австралија, Италија, Канада и Швајцарија.

Да додадеме дека пред две години Република Словенија го заземаше 41-то место помеѓу 136 земји, што е за две места пониско, отколку во 2015 година, добивајќи во просек 4,18 поени.

Извор: ru-rassvet.com