Република Словенија се најде во ТОП-20 најбезбедни земји за туризам во светот

Република Словенија се најде во ТОП-20 најбезбедни земји за туризам во светот согласно материјалите од рејтингот The Travel and Tourism Competitiveness Report 2019, кој што е објавен од Светскиот економски форум (WEF), објави journalist.today.

За најбезбедна земја за туризам е прогласена Финска; второто и третото место на рејтингот го заземаа Исланд и Оман. Во првите десет земји исто така се вброија и Швајцарија, Хонг Конг, Обединетите Арапски Емирати, Луксембург, Португалија, и Нов Зеланд. Понатаму на списокот се наоѓаат Катар, Естонија, Јапонија, Австрија, Словенија, Шпанија, Норвешка, Чешка, Австралија и Брунеи, кои што ги заземаа од 11-то до 20-то место.   

Најопасни земји за туристите се: Салвадор, Нигерија, Јемен, Венецуела и Хондурас.

При составување на рејтингот биле земени во предвид такви карактеристики како што се: ефикасноста на полицијата, можноста од терористички напади и загуби од тероризам, бројот на убиства, степенот на кринималитет и насилство.

Извори: journalist.today, rupor.info, weforum.org