Република Словенија се вбројува помеѓу десетте најмирољубиви земји во светот

Според податоците од глобалниот индекс за мирољубивост 2019 (Global Peace Index 2019), Република Словенија се вбројува помеѓу десетте нјмурољубиви земји во светот. Податоците на индексот се разработени од социолози и економисти од меѓународната група на експерти од Институтот за мир и Центарот за изучување на конфликти од Сиднејскиот универзитет, кои го карактеризираат нивото на безбедност за живеење во земјите и регионите.

Да забележиме дека во 2018 година на овој рејтинг Република Словенија го зазема единаесетто место. Оваа година во истиот рејтинг со показател од 1,355 таа го зазема осмото место помеѓу 163 земји од светот.

Глобалниот индекс за мирољубивост се составува врз основа на 23 критериуми, помеѓу кои се: нивото на почитување на човековите права, политичката стабилност, односите со соседните земји, нивото на доверба помеѓу населението, степенот на престапност/криминалитет, бројот на затвореници, бројот на убиства и можноста за терористички напади.

Извор: reliefweb.int