Република Словенија се вбројува помеѓу најбезбедните земји во светот

Сајтот за аналитика numbeo.com објави рејтинг од најбезбедните земји во светот. Република Словенија со индекс 77,99 се вбројува помеѓу првите десет. Покрај неа во оваа група спаѓаат и Катар, Обединетите Арапски Емирати, Јапонија, Тајван, Хонгконг, Грузија, Ерменија, Швајцарија и Оман. На дното од рејтингот се наоѓаат Венецуела, Папуа Нова Гвинеја, Јужноафриканската Република, Хондурас и Афганистан.

Исто така вреди да се забележи дека специјалистите од порталот numbeo.com според податоците од првото полугодие на 2019 година во новиот рејтинг за безбедност ја поставиле Љубљана на 23-то место помеѓу 328 градови во светот.

Рејтинзите на Numbeo се формираат врз основа на јавно достапни податоци. Како извори се користат објави од медиумите. Сервисот и припаѓа на српската компанија Numbeo d.o.o. Негов раководител е Младен Адамович, поранешен вработен во Google.

Да забележиме дека високиот степен на безбедност во Република Словенија се потврдува и со многу други рејтинзи. Помеѓу нив и податоците од Travel safety map 2017, податоците од Институтот за економија и мир и рејтингот на изданијата Global Finance Magazine.

Извори: numbeo.com, officelife.media