Република Словенија се вбројува помеѓу земјите со најчиста вода за пиење во светот од водоводната мрежа

Туристичката агенција Globehunters врз основа на податоците од Центарот за контрола и превенција од заболувања во Соединетите Американски Држави состави список во кои земји водата од водоводните мрежи е безбедна за пиење, а во кои не е. Во рејтингот, објавен од британскиот Daily Mail, вклучени се 187 земји од светот.

Според рејтингот, Република Словенија се вбројува помеѓу 40-те земји со најквалитетна вода за пиење од водоводната мрежа. Покрај Република Словенија, водата од водоводниот систем е безбедна за пиење и во Австралија, Канада, Нов Зеланд, Порторико, земјите од западна и централна Европа, Саудиска Арабија, Сингапур, Соединетите Американски Држави, Чиле, Јужна Кореа и Јапонија. Најголем степен на загаденост на водата од водоводната мрежа е забележана во земјите од Африка, Блискиот Исток, Централна Америка, и Азија.

Извор: dailymail.co.uk