Република Словенија во 1991 година и денес: како се изменија условите за живот во земјата за 28 години независност

На 25-ти јуни 2019 година Република Словенија го одбележа Денот на државноста и 28-та годишнина од осамостојувањето. По повод овој настан Службата за статистика објави интересни податоци за тоа како се изменила земјата за овој период.

Во 1991 година, за да се заработи за 1 килограм леб потребно било да се работи 27 минути, а во 2018 година 19 минути. За да се заработи за 1 килограм пченично брашно во 1991 година потребно било да се одработи 16 минути, а во 2018 година 6 минути. За да се заработи за 1 литар растително мало во 1991 година потребно било да се одработи 46 минути, а во 2018 само 13 минути. За да се купи 1 килограм мелено кафе во 1991 година потребно било да се одработи 5 часа и 2 минути, а во 2018 година 1 час и 24 минути. За да се заработи за патничко возило Рено Клио во 1991 година жителите на Република Словенија требало да изработат 3 702 часа, а во 2018 година 1 865 часа, а за да се купи телевизор со екран 40-43 сантиметри – 339 часа во 1991 година и 74 часа во 2018 година. На овој начин материјалните блага за жителите на Република Словенија  станале значајно подостапни.

Според БДП по жител Република Словенија во 2018 година (22 500 евра) го зазема 16 место помеѓу 28 земји членки на Европската Унија (највисок показател има Луксембург, а најнизок – Бугарија).

Најважните партнери во надворешната трговија остануваат Германија, Австрија и Италија. Основни пазари за пласман покрај земјите од Европската Унија, остануваат земјите од поранешна Југославија.

Ако во 1991 година земјата ја посетиле 1,4 милиони туристи, тогаш во в 2018 година – 5,7 милиони туристи.

На 1 јануари 1991 година средната возраст на населението во Република Словенија изнесувало 35,9 години, а на 1 јануари 2109 година 2019 година – 49,4 години.

Во 2018/2019 учебна година во основните училишта во земјата учеле за 39 илјади ученици повеќе од 1991/1992 учебна година.

Значајно се зголемила и средната возраст на населението: во 1991 година таа изнесувала 70 години, а според податоците од 2017 година скоро 78 години.

Извор: rtvslo.si