„Сакам да ги споделам со вас моите импресии од првата година на студиите на IBS во Љубљана. Студирам на мастер програмата на IBS. Додипломските студии ги завршив во Москва.
Имам повеќе од 15 годишно искуство во оваа област и нејзините различни сфери: од банкарство, недвижности, банкроти и стечајни постапки, вклучувајќи и арбитража на суд, како и на приватни прашања од поединци.
Сакам да истакнам дека програмата на која студирам се покажа како многу интересна и повеќе е информативна и корисна отколку што очекував.
Промрамата ги содржи главните современи трендови во актуелниот светски развој.
Студентите ја осознаваат општата глобална слика која се пресликува директно на деловните субјекти, која што омозвожува примена на знаења преку свое лично искуство, преиспитување на резултатите од вашите активности и генерирање на размислувања за новите правци во развојот или проширување и зајакнување на постојаните.
Програмата е многу повеќе од практична. Според мене, таа му дава можност на секој приправник (било тоа да е бизнисмен, менаџер или само студент) кој завршил основни студии, да го прошири обемот на личните перцепции на светот, разбирањето на главните трендови и да ги разбере меѓусебните поврзаности на одредени феномени, кои ќе бидат корисни не само во професионална сфера, туку и во личниот живот, на пример при изборот на работодавачот.
Ќе бидам искрена со вас, бев изненадена и со начинот на кој се презентира материјата на студентите. Ни даваа информации, ни поднесуваа заклучоци, но тие не ни беа наметнати.
Итовремено, материјалот е претставен на таков начин да ве натера да размислувате и кај вас да предизвикува интерс и потреба за подлабока анализа на темата, како и одредени прашања или проблеми поврзани со неа. Без стереотипи. Студентите ја имаат целата слобода за сопствен развој.
Морам да потенцирам дека за време на студирањето нема „перење на мозокот“. Истотака нема антиреторика и агитација!
Неколу зборови за самата школа. Меѓународната бизнис школа е приватна образовна институција. Приватно значи дека нема строг начин на испитување.
Квалитетот на образованието за оваа иституција претставува углед. Заради тоа на испитот ќе добиете оцена во склад со вашето знаење, ни повеќе ни помалку. Итовремено, односот со студентите е одличен, но секако во рамки на деловната комуникација.
Најважно, студентите имаат наставен материјал на словенечки и на англиски јазик, така што, испитот можете да го полагате и на англиски јазик.
Се разбира, се што споменав погоре е мое лично мислење кое е базирано на сопствено искуство. Можеби на некого ќе му користи.
За моето запишување на IBS (Меѓународна бизнис школа) ја ангажирав фирмата 2ТМ. Со оглед на тоа дека не можев да дојдам во Словенија пред овој јануари, мојот прием на студиите беше доведен во прашање. Но, тимот на менаџери во 2ТМ одлично ја завршија својата работа.
Им ја објаснив мојата ситуација, можности, моите желби и моите планови за во иднина.
Ми помогнаа да ја изберам најпогодната студиска програма. Тие ги спроведоа сите неопходни преговори со образовната институција. Подоцна заедно ги разјаснивме сите работи. Во мое име тие го преземаа целиот материјал за студиите. Морам многу да надополнам, но тоа не е проблем, бидејќи се зависи само од мене. Фирмата 2тм ги направи сите организациски процедури и тоа го направија совршено! Сакам да им се заблагодарам на сите вработени во фирмата. Селењето итотака не беше лесно за мене.
Многу е важно кога оваква работа можете да им ја доверите на стучни лица.“