Резултати од учеството на 2ТМ на Саемот за Образование и Кариера: Свеста за присутноста на Словенија на пазарот за меѓународно образование расте од година во година

Претставници на фирмата 2ТМ учествуваа на Саемот за Образование и Кариера, кој се одржа во Москва на 24 и 25 ноември. Саемот за Образование и Кариера е еден од најголемите настани кои дава насоки при изборот на образование и кариера. Тој се одржува еднаш годишно во Москва и во Санкт Петербург на интернационално ниво и е поддржан од релевантни руски министерства и оддели.

Photo: © 2TM d.o.o.

Водечки руски и странски образовни институции традиционално се претставуваат на овие настани. Според Ирина Шипилова, заменик директорката на саемот, годинава на овој саем се претставиле преку 200 универзитети. Учесници на саемот истотака беа и фирми кои вработуваат, како и искусни психолози кои се подготвени да им помогнат на идните кандидати во нивните професионални избори. Според организаторите, околу дваесет илјади луѓе го посетиле саемот.

Саемот се одржа за време на викендот, за да можат да го посетат сите заинтересирани, не само Московјаните. Главни посетители беа средношколците и нивните родители, студенти од Универзитетот во Москва. Нашиот штанд го посетија како заитересираните родители, така и нивните баби и дедовци, кои се интересираат за квалитетно образонавие, вклучувајќи ги и тие кои сеуште не завршиле училиште. Не посетија и нашите странки со кои пред предходно комунициравме само преку интернет, а сакаа да не запознаат лично“ – вели Маргарита Шапина, проект менаџер за образование во 2ТМ.

Сите посетители на нашиот штанд добија совет за тоа како е да се студира во Словенија и да се живее во земјата воопшто. „Имаше луѓе кои дојдоа два дена по ред и поставуваа прашања.“- вели Маргарита.

Директорката на фирмата 2ТМ, Татиана Мелешкова истотака беше присутна на штандот. Таа истакна дека, свеста за присутноста на Словенија на пазарот за меѓународно образование расте од година во година.

Имавме неколку категории на посетители на нашиот штанд – тие што дојдоа на саемот да добијат генерални информации и тие што имаат познаници кои веќе студираат во Словенија. Добивме само позитивни критики, кои се секако позивни вести. Идните кандидати беа заинтересирани, прво и најважно за популарните студиски програми како што се Менаџмент, Маркетинг, Туризам, Архитектура и Дизајн. Истотака забележавме и пораст на интересот за инженерските програми како Мехатроника, Електроинженерство, ИТ. За нас, ова е позитивен тренд, бидејќи има сериозен недостаток на специјалисти во оваа област, како во Словенија така и во целата Европска Унија“. – вели директорката на 2ТМ.

Татиана Мелешкова додава дека помеѓу посетителите на штандот биле ии студенти кои сеуште не се одлучиле за својата идна специјалност. „Наша задача е да им ппомогнеме на овие млади луѓе да го направат вистинскиот избор“ – вели таа. Патем, сите активности и кариерни насоки во 2ТМ ја следат оваа цел. Во моментов, специјалистите на фирмата се подготвуваат за нов состанок со идните студенти – овој пат во Санкт Петербург. Ги покануваме сите жители и гости на Санкт Петербург да се пријават на бесплатниот семминар на 2ТМ „Образование во Словенија – Направи го вистинскиот избор“, кој ќе се одржи на 4 – ти декември. Повеќе за настанот можете да прочитате овде, да ги поставите вашите прашања онлајн, директно на нашиот веб сајт!