Резултатите од 2019 година за компанијата 2ТМ се добрите одзиви од студентите што е наше најголемо достигнување

Во пресрет на 2020 година ние, тимот од компанијата 2ТМ, сакаме да ги споделиме со вас резултатите од нашата работа во годината која што завршува 2019 и секако да ви раскажеме за понатамошните планови.

Оваа година за нас беше многу богата и интересна, беше одбележана со нови средби и перспективи за соработка. Земавме учество на многу саеми за образование, семинари и презентации, коишто се одржаа во неколку балкански земји, а исто така и во големите градови во Русија и Украина. Помеѓу другите и „Саем на високообразовните установи за матуранти и нивните родители“ (којшто се одржа во градот Харков), саемот „Хоризонтите на образованието“ (којшто се одржа во градот Санкт Петербург), „Московски ден на советување за кариера“, „Образование и кариера“ (одржан во градот Москва), „Putokazi“ (Нови Сад), „Мојата кариера – мој избор“ (одржан во градот Ниш), „Саем за образование и студиски програми“ и „Study Abroad. Fair 2019“ (одржан во Белград), „Саем за стипендиските програми и високото образование“ (град Риека); образовни семинари и презентации во градовите во Република Србија, Република Северна Македонија, Босна и Херцеговина.

Исто така нашите експерти во 2019 година ги посетија словенечките образовни установи – универзитетот во Марибор, Alma Mater Europaea, Високата школа за хотелиерство и туризам во Блед, Европскиот правен факултет при Новиот универзитет, Колеџот за стручно образование од сферата на козметологијата и велнесот и така натаму. Со овие и со други образовни установи во Република Словенија компанијата 2ТМ има остварено плодна соработка и ние искрено се надеваме, дека во годината којашто следи таа соработка само ќе се зацврстува и продлабочува. Сите наши партнерски образовни установи се авторитетни образовни установи и ние со сета одговорност им велиме на идните студенти: ако ги изберете нив да бидат место каде што ќе го продолжите образованието нема да зажалите нити во периодот на студирање ниту пак при вработувањето откако ќе се стекнете со диплома. 

Имено добрите зборови од студентите, коишто ни укажаа доверба околу запишувањето секогаш биле најголемото достигнување на нашата компанија. Во 2019 година ние добивме многу позитивни критики и благодарници што значи дека се движиме по вистинскиот пат и тоа не мотивира да се движиме напред. Почитувани клиенти ви благодариме на укажаната доверба!

Нека новата 2020 година биде среќна за сите нас, нека бидат реализирани сите започнати работи па дури и најсмелите и најамбициозните. Ние од наша страна сме отворени за соработка и чест ќе ни биде да ви помогнеме да се стекнете со достапно и квалитетно образование, коешто пружа многу можности и перспективи!

Со почит, компанијата 2ТМ