Саем „ My career my choice“, 19.-20.4.2019, Ниш, Србија

Тимот на 2ТМ учествуваше на саемот „Моја кариера – мој избор“ во Ниш, Србија од 19.4 – 20.4.2019. Покрај големата посетеност на нашиот штанд, на саемот одржавме и две презентации на кои дојдоа вкупно педесет луѓе.

Photo: © 2TM d.o.o.

Саемот беше одлично посетен, со многу групни организирани посети на гимназијалци и средношколци, како и на поединци кои го посетија во сопствена режија, некои од близината на Ниш, а некои дури и од Белград и Скопје.

Најмогу прашања имаше на темата дали студиите во Словенија се навистина бесплатни односно без школарина, како и прашања поврзани со студиските програми, мастер студиите во Словенија, сместувањето, студентскката работа и други работи кои ги мачат идните студенти.

Со оглед на посетеноста и успешноста на саемот, го најавуваме нашето учество на саемот во Ниш и следната година.