Саем на илустрации во декември во Шишка

Саемот на илустрации ќе се одржи во Водниковото домаќинство во декември. Оваа година ќе се одржи по четврти пат, а отворањето е во сабота на 1-ви декември во 17 часот. „Дојдете да ја поздравите извонредната домашна креативност, можеби ќе ја однесете дома“ – велат во Водниковото домаќинство и истовремено најавуваат дека и оваа година на посетитетлите на саемот ќе им понудат илустрации од најпризнатите домашни автори.

Саемот се одржува до 29-ти декември, а со неговото поставување во рамки на празничниот месец организаторите сакаат да спомнат дека илустрациите можат да бидат и празнични подароци. На 84 квадратни метри во саемскиот простор, следниот месец своите дела ќе ги претстават 26 илустратори, а во составниот дел на саемот ќе има саботна и неделана програма за деца.

Помеѓу другото, еден ден по отворањето на саемот, во недела на 2-ри декември, во 11ч., Марјанца Јемец Божич и Марјан Манчек со помош на детстки фотографии, цртежи и скици ќе раскажуваат како станале илустратори и како настануваат нивните дела.

Во втората декемвриска недела, Кирил Хорјак, познат и како др.Хоровиц, во 11ч. преку расказите ќе ги однесе децата во минатото сѐ до првите човечки цртежи. Во третата декемвриска недела посетителите на саемот во Водниковото домаќинство ќе можат да ја погледнат раскажувачката претставата, која што како што најавуваат организаторите, ќе ја гледа и Дедо Мраз.

Извор: dnevnik.si