Саем „ПАТОКАЗИ“, Нови Сад, Србија, 7. – 9.3.2019

„2ТМ“ оваа година по втор пат се претстави на саемот „Патокази“, кој е наменет за учениците во завршните години во основните и средните училишта и за студентите.

Photo: © 2TM d.o.o.

Покрај нас, на саемот се претставија околу 60 образовни установи и институти од Србија и од странство, а саемот го посетија преку 30 000 посетители.

Штандот на 2ТМ беше најмногу посетен во петок и сабота, кога ученици од средните училишта во Војводина организирано го посетуваа саемот.

Идните студенти најмногу се интересираа за студиските програми: компјутерски науки и ИТ технологии, психологија, медицина, економија/претприемнаштво, туризам и за логистика. Бидејќи студиските програми во најголемиот број се одвиваат на словенечки јазик, учениците се интересираа каде можат да го научат јазикот пред почетокот на академската година. Тие се интересираа и за привилегиите на студентите, дали е можно да работат во текот на студиите и какви се условите за сместување.

Зад нас е уште еден успешен саем, каде не посетија многу заинтересирани идни студенти и нивните родители, кои дојдоа дури од подалечните краеви на Србија, од Ниш и од Рашка.

Ова е уште еден показател дека „2ТМ“ станува препознатлива фирма во Србија и затоа со задоволство повторно ќе се вратиме на саемот во Нови Сад.