Саем за стипендии и високо образование, Ријека, 17. 10. 2019

На универзитетот во Ријека на 17-ти октомври ќе биде одржан саем за стипендии и високо образование, на кој што ќе се претстават домашни и странски изложувачи.

Посетителите ќе добијат подетални информации за стипендиите и за другите начини на финансирање на студирањето, па и за самите студиски програми. Паралелно со саемот ќе се одржи уште една програма: предавања, дискусии, и округла маса.

Тимот од компанијата 2ТМ како гостин на штандот на Универзитетот од Нова Горица на учениците и студентите ќе им ги претстави предностите и можностите за студирање во Република Словенија.