Сателитот TRISAT кој што е конструиран од вработените во лабораторијата на Мариборскиот универзитет се подготвува за лансирање во космосот

Вработените во Лабораторијата за електронски и информатички системи на факултетот за електротехника, компјутерски науки и информатика при универзитетот во Марибор и научниците од компанијата SkyLabs d.о.о. во стерилен кабинет успешно ја завршија конструкцијата и тестирањето на сателитот TRISAT на платформата SkyLabs NanoSky I. Потоа сателитот беше доставен во Делфт, Холандија, каде што тимот TRISAT во стерилен кабинет на холандската компанија Innovative Solutions In Space го вгради во заштитениот носач. Комплетирањето во Холандија беше организирано од италијанската компанија SAB Launch Services, која што по потпишувањето на договорот со универзитетот од Марибор одговара за лансирањето на сателитот TRISAT.

Тимот TRISAT доби многу пофалби од холандската компанија Innovative Solutions In Space за квалитетот на подготовката на сателитот и неговото конструирање.

Се предвидува дека на 9 септември 2019 година од Гвијана, Франција, сателитот TRISAT со носечка ракета VEGA ќе биде лансиран во сончевата -синхрона орбита на висина од 530 километри.

Извор: feri.um.si