Се одржа осмото заседание на конференцијата на ректори на словенечките универзитети

Во петок на 27-ми септември 2019 година, на универзитетот во Нова Горица во куќата на Лантјери во Випава се одржа осмото заседание на ректорите на словенечките универзитети под претседателство на универзитетот од Нова Горица.

За време на одржувањето на конференцијата ректорот од универзитетот од Љубљана го претстави проектот за воведување на Ден на словенечките универзитети, кои што се предвидува да се одбележува на 23-ти јули. На овој ден бил основан универзитетот во Љубљана, кој што има симболично значење за развојот на земјата. Предлогот го поддржаа останатите три универзитети.   

Исто така учесниците на конференцијата разговараа за владината иницијатива за создавање на Центар за наука во Љубљана. Ректорот на универзитетот од Љубљана потенцираше, дека центарот ќе ја унапредува науката не само во словенечката престолнина ами и во целата земја.

Покрај останатото се дискутираше и предлогот инициран од Олимпискиот комитет на Република Словенија за повторно вклучување на специјалисти за „Физичко воспитување и спорт“ во универзитетските програми. Без разлика на тоа што по воведувањето на Болоњскиот систем оваа специјалност повеќе не влегува во програмата за високо образование, некои универзитети сепак ја сочувале. Универзитетите ја поддржуваат оваа иницијатива и веројатно уште еднаш ќе ја разгледаат пред донесувањето на конечно решение.

Извор: ung.si