Се одржа „Воведниот ден“ за бруцошите од Факултетот за индустриски инженеринг од Ново Место

Во сабота на 28-ми септември 2019 година, на Факултетот за индустриски инженеринг од Ново Место се одржа „Воведен ден“ за бруцошите од 2019/2020 академска година.

Пред студентите се обрати деканот магистер Ирис Финк Грубачевич, а образовната он-лајн предавална ја претстави шефот на студентскиот деканат Луција Галич. Понатаму се одржа кратка презентација на научно-истражувачки проекти, а на крајот на настанот директорот на Фабриката на иднината SRIP од Институтот Јозеф Штефан Руди Пањтар одржа предавање на темата „Индустрија 4.0 – предизвик за поколенијата Z?“.

Извор: fini-unm.si