Се покануваат дипломците од факултетите за електротехника да земат учество на конкурсот кој го носи името на професор доктор Братислав Бедјанич за најдобра дисертација

Во тек е приемот на пријави за учество на конкурсот кој го носи името на професор доктор Братислав Бедјанич. Се покануваат да земат учество магистрите и докторите на науки од факултетите за електротехника од словенечките универзитети, кои што ги одбраниле своите докторски дисертации или магистерски трудови од 01-ви октомври 2018 до 01-ви октомври 2019 година.

Пријавите за учество се доставуваат до комисијата за избор до 30 октомври 2019 година. Во пријавата треба да се наведе точната адреса на подносителот, и-мејлот, име и презиме на менторот, конкурсната категорија. Покрај пријавата, учесниците треба да ја достават и магистерската или докторската дисертација во печатена и електронска форма, а исто така и кратко резиме на трудот.

Конкурсот предвидува парични награди: една во износ од 1.000 евра бруто, за докторска дисертација и две по 500 евра бруто за магистерски труд.  

Наградените трудови комисијата нема да ги враќа. Се враќаат само трудовите кои што не се избрани – по свечената церемонија за наградување од претставникот на образовната установа.

Врачувањето на наградите ќе се одржи во декември 2019 година на факултетот за електротехника при универзитетот во Љубљана.

Подетално за настанот

Извор: feri.um.si