Се покануваат дипломците од факултетот за туризам при универзитетот од Марибор од 2018/2019 академска година да земат учество во натпреварот за наградата „Зелен компас“

Најдобрите дипломци од факултетот за туризам при универзитетот од Марибор во 2018/2019 студиска година ќе се натпреваруваат за наградата „Зелен компас“. Целта на горенаведената награда е охрабрување на квалитетната студиска, научна и друга дејност на студентите, коишто придонесуваат за нивен професионален или личен напредок, а исто така за подобрување на имиџот на факултетот како образовна и научна установа. Наградата „Зелен компас“ се доделува на дипломецот, којшто бил успешен студент, дипломирал или магистрирал (се зема предвид и апсолвентскиот стаж) не подоцна од 01-ви март 2020 година, ако се истакнал во различни сфери за време на студиите и на тој начин придонел за подобрување на имиџот на факултетот и универзитетот на локално, регионално и меѓународно ниво.

Да номинира кандидат за наградата „Зелен компас“ може ментор, студентски совет или самиот студент. Пријавите за учество треба да се достават не подоцна од 05-ти март 2020 година. Добитникот на наградата се определува до 25-ти април 2020 година.

Представувањето за врачувањето на наградите треба да се состои од:

  1. лични податоци на студентот и регистрациски број на студентот;
  2. свидетелства за посебни достигнувања во областа на еколошката соработка, соработката со економијата, посебни достигнувања во областа на научните истражувања и/или свидетелства од посебни достигнувања во областа на културата и уметноста;
  3. доказ за придонес во промоција на факултетот за туризам на локално, регионално и меѓународно ниво;
  4. свидетелство за учество во органите на факултетот за туризам и во воннаставните настани;
  5. други документи и потврди на подносителот.
Подетално за настанот Формулар за пријавување на натпреварот Формулар за пријавување на наптреварот во ПДФ Регулативи

Извор: ft.um.si