Се покануваат представниците од Факултетот за индустриски инжиниринг да земат учество во семинарот за EtherCAT стандард на индустриска мрежа

Се покануваат студентите и вработените на Факултетот за индустриски инженеринг да земат учество во семинарот за EtherCAT стандард на индустриска мрежа, кој што ќе се одржи на 18-ти септември 2019 година во конгресниот центар Mons во Љубљана. Семинарот ќе го води генералниот директор на ETG Мартин Ростан, кој што не само што е експерт за EtherCAT, но и истакнат научен работник. Официјален јазик на семинарот ќе биде англискиот.

Учеството на семинарот е бесплатно. Задолжителната регистрација за учество на семинарот е отворена до 17-ти септември 2019 година.

EtherCAT е стандард на индустриската мрежа, кој е дел од семејството Industrial Ethernet и технологиите, кои се користат за распределено управување во режим на реално време. EtherCAT е разработен од германската компанија Beckhoff. Целта на разработката на протоколот беше користење на технологиите Ethernet за автоматизација на апликациите, кои што бараат често обновување на времето (наречен временски циклус) со ниско треперење на врската (за синхронизација) и ниска потрошувачка на софтверот на апаратот. Дејтаграмите на EtherCAT се пропуштаат во стандардниот фрејм Ethernet. EtherCAT е најбрзото индустриско Ethernet решение, кое обезбедува висока производственост, флексибилност и економичност.

Подетално за настанот Формулари за учество на семинарот

Извор: fini-unm.si