Се покануваат сите заинтересирани на 26. Decathlon – студентската трка до Љубљански град

Во вторник, на 28 мај 2019 година, во 19:00 часот во Љубљана ќе се одржи масовен спортски настан 26. Decathlon – студентската трка до Љубљанскиот град. Организатори се спортско-образовниот клуб Zdrava Zabava и Студентската организација од универзитетот во Љубљана.

Трката започнува на Прешерновиот плоштад. Трасата е долга 2,5 километри и се одржува по маршрутата: Прешернов плошрад – Стритарева улица – плоштад Кирил и Методиј – Стрелишка улица – улица Словенечка селска буна – Алеите на Замокот – паркингот пред Љубљанскиот град.

Регистрацијата за учество е бесплатна и трае до 26 мај 2019 година (за учестниците со однапред определени термини) и на денот на настанот (за учесниците без однапред определени термини).

Категории на учесници: студенти од вишите и средните стручни образовни институции во земјата, ученици од средните училишта и гимназиите и сите заинтересирани.

Победниците и добитниците на награди во тимски и индивидуални натпреварувања ќе се наградуваат со медали, брендирани маици и ваучери од 20 и 30 евра.

Регистрација Подетално

Извор: student.si