Се покануваат сите заинтересирани за земат учество на конкурсот за изработка на лого на проектот „Академија за волонтирање“

Дало вие со задоволство работите во сферата на волонтирањето? Можеби, вие – истовремено сте и уметник, дизајнер или креативна личност? Обединете ги своите интереси и направете лого за „Академијата за волонтирање“, којашто има за цел да ја издигне репутацијата на волонтирањето на повисоко ниво!

Овој проект е насочен кон поддршка на обука на волонтерите, коишто работат на локално ниво. Него го организираа Центарот Nefiks и здружението „Семеен и младински центар Церкље“ со цел промоција и популаризација на волонтерството како еден од важните фактори при идното вработување. Во рамките на проектот „Академија за волонтирање“ исто така се реализира проектот „Словенечка школа за аниматори“. Токму затоа во новото лого организаторите сакаат да ги обединат креативноста и привлечноста.

Критериумите за избор на логото се следни: смисловна содржина, јасност на симболите, практична вредност, креативност, оригиналност, привлечност. Логото треба да го содржи називот „Академија за волонтирање“ и јасен симбол, којшто по смисла ќе одговара на содржината на проектот.

Рокот за поднесување на пријавите и логото е до 10-ти март 2020 година. Со авторот којшто ќе биде прогласен за победник, конкурсната комисија ќе склучи договор за користење на авторските права и ќе му врачи нему парична награда.

Подетално за конкурсот

Извор: student.si