Се покануваат студентите да земат учество на хакатон повразан со прашањата за социјалните иновации и социјалното претприемништво

Здружението на општини на Република Словенија, Институтот за економија (Марибор) и Фондот Призма ги покануваат студентите во рамките на проектот Social (i) Makers да земат учество на хактон „Биди социјален, биди креатор“: обука за идните поколенија на социјални иноватори“. Настанот ќе се одржи во среда на 18-ти септември 2019 година, од 09:30 до 15:30 часот во Креативниот центар Полигон, на адресата: Тобачна улица, 5, Љубљана. Учеството на настанот е бесплатно.

Во воведниот дел на хакатон експертите ќе ги отворат темите за зголемување на правата на младите, социјалните иновации и социјалното претприемништво, а потоа учесниците ќе бараат иновациски решенија преку работа во групи.

Со разработените решенија слушателите понатаму ќе можат да земат учество на меѓународниот конкурс „Биди социјален, биди креатор“ и да се борат за паричната награда во износ од 5.000 евра за разработка и продлабочување на предложеното решение.

Подетално за настанот

Извор: efnet.si